Кире Лазаров го „прибра“ велешанецот Костадин Петров во Алкалоид

Kostadin Petrov
Kostadin Petrov

Македонскиот суперлигаш Алкалоид договори уште еден трансфер во пресрет на вториот дел од сезоната, потпишувајќи договор со велешанецот Костадин Петров, пренесува ekipa.mk

Zito akcija 640x289px

Велешанецот дебитираше за репрезентација на Македонија на овогодинешниот мундија во Краков и во Гдањск, а она што го прикажа очигледно беше доволно за селекторот Кире Лазаров да го повика и во својот клуб. Петров првиот дел од сезоната го мина во исландскиот второлигаш Тор, но поради семејни причини реши да се врати во татковината.

Agria

За поранешниот ракометар на Металург, Вардар и Пелистер се интересираа неколку екипи, но Алкалоид излезе како победник од оваа трка. Амбициозниот скопски суперлигаш на пивотменската позиција ги има и репрезентативците Маркоски и Стојковиќ, како и Симоноски, кој лани настапи на ЕП 2022 во Дебрецен, но овојпат не се најде на мундијалскиот список на Лазаров.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: