Привршува есенскиот дел од Првата футсал лига на Македонија. По три последователни гостински натпревари на Кеги Моби, утре во Велес ќе гостува екипата на Арбен Бајрами, еден од аспирантите за титула и актуелен освојувач на Купот.
Кирил Ивановски, играч на Кеги Моби изјави дека ги очекува тежок натпревар против Арбен Бајрами, но тие нема да калкулираат и ќе влезат во натпреварот максимално мотивирани.
Текстот продолжува под рекламата
„Теретот е кај гостите кои бркаат прво место, гол разликата ги дели од тоа место, ние како и на секој натпревар влегуваме мотивирано сигурно и одиме по трите бодови. Најмалку од се што можам да кажам е дека ме интересира во моментов битката за првото место кога не сме вмешани ние таму, тоа си е работа на прво и второ пласираните ќе имаат уште неколку дуели меѓу себе нека одлучуваат таму кој е подобар, ние против двете ќе дадеме максимум, а и ние како четврто пласирана екипа ни горе ни доле, екипа млада надежна која со малку поголема ефикасност, спремност може наредна година да се најде на лидерската позиција во лигата, немаме простор за калкулации. Cелосен респект кон противникот кој се бори за шампион и го почитувам секој кој вложува во спортот и нека продолжат така за да имаме поинтересен спорт за гледање во нашата држава од друга страна сакам секогаш да играм против екипи кои релативно делуваат подобри од нас но од нас никој не е подобар туку само се поспремни екипите кои се позиција две над нас, а подобри од нас и реално ако ги одржуваме сите тренинзи како што го прават тоа поорганизираните екипи ќе немаме никаков проблем со никого и ќе атакуваме на првата позиција затоа што имаме супериорен тимски и индивидуален квалитет и кадар со играчи кои се расположени да се надигруваат. Познавам некои играчи лично од тимот на Арбен кои се долгогодишни репрезентативци и можам да кажам дека баш кај тие играчи кои имаат многу добри тимски способности и карактеристики да го извлечат мечот од прва до последна минута може да се соочиме со проблем. Шемите од игра, скратени корни, аути тие се едноставно кога утакмицата е да речеме по тврда го кршат резултатот, го носат подобриот во натпреварот до тие посакувани бодови. Мораме да останеме максимално сконцентрирани и фокусирани целосно на тие работи останатите работи ни се секогаш добро познати и нема да биде никакво изненадување ако на домашен терен освоиме еден или три бодови. Знаеме ланската сезона како ланскиот шампион КМФ Шкупи во последните минути со резултат од 0:1 не порази дома, како оваа година моменталниот лидер на табелата изигравме 3:3 од игра, а 3:5 со два голови од реализирани пенали од десет метри на КМФ Проект. Никогаш со никого нема да калкулираме затоа што тоа ќе остави било каков впечаток за несериозна екипа во текот на нашето постоење, откако сум јас на кормилото на клубот сакам само да играме добар футсал, да играме фер футсал во добри услови, да нема повредени играчи и како што сум рекол подобриот нека победи. Младиот кадар е на наша страна тоа значи дека изненадувањето може да е очекувано искуството е на страна на противникот каде што може се да се очекува во нивните долги акции да се чека на недобро поставена одбрана и да пробијат по страна. Сепак гостите како и сите до сега ќе бидат пречекани како што заслужува една екипа која се бори за прво место, им гарантирам дека ќе биде се на највисоко ниво организирано како што кажав дека секоја екипа е за почит што се натпреварува во нашиот ранг. Велес сака добар и прволигашки футсал, полека но сигурно формираме тим кој е за почит во лигата и ќе се бориме да дојдеме до посакуваната цел“, изјави Кирил Ивановски фудбалер на Кеги Моби.
Натпреварот ќе се одигра во слата „Гемиџии“ утре, сабота, со почеток од 19 часот. Натпреварот може да го следите и во живо на фан страната на Батали.нет и јутуб каналот на Батали.нет.
Можеби ќе ве интересира: