ККК Арка-Борец Велес е нов државен првак во кајак спуст во јуниорска конкуренција

Вчера во Велес, се одржа Државното првенство во кајак спуст во јуниорска конкуренција, а велешкиот клуб Кајак Кану Клуб Арка-Борец Велес е нов државен првак во јуниорска конкуренција.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во поеднинечна конкуренција, Кристијан Лазаров стана државен јуниорски првак на Македонија во кајак спуст, а веднаш зад него е Благој Гугинов, додека Ангел Бонџов го освои 6 место. Истиот двоец ги освои првите две места и во натпреварите во класик.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во категоријата Ц1, Благој Гугинов се закити со златото, додека Кристијан Лазаров беше втор. За одбележување е и сребрениот медал на Михаела Гугинова во категоријата К1.

Во категоријата тимски К1 мажи, составот Лазаров, Гугинов и Бонџов исто така го освоија првото место.

Можеби ќе ве интересира: