Кличко ја повика меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја повика меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руската инвазија.

Zito akcija 640x289px

“Се подготвуваме за целата земја за да може претседателот на Русија, Владимир Путин, да даде наредба за војна”, напиша Кличко во авторскиот текст објавен во германскиот дневен весник „Билд“.

Agria

Поранешниот светски шампион во бокс изјави дека како војник еднаш се заколнал дека ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.

Тој напишал дека како градоначалник на украинската престолнина организира цивилна заштита и дека неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.

“Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било”, заклучи тој.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: