КМФ Кеги Моби ги заврши натпреварите во осминафиналето на футсал Купот на Македонија. Екипата од Втората футсал лига, Балкан 2017 беше подобра по изведување на пенали, откако натпреварот заврши 4:4 во регуларниот дел.
За велешани стрелци беа Александар Божинов, два пати, Адил Адиловиќ и Александар Костов, додека за домашниот состав Пајтим Реџепи, Фестим Балиќи, Џелал Мјаку и Ибрахим Алији.
Целта на КМФ Кеги Моби уште од старт е опстанокот во Првата футсал лига на Македонија, додека Купот беше ставен во втор план. По првиот дел од сезоната Кеги Моби се наоѓа на осмата позиција со осум освоени бода.