КМФ Кеги Моби со значителен напредок во Првата македонска футсал лига, шесто место и надеж за светла иднина

Kegi Mobi kraj 2025 sezona

Клубот за мал фудбал Кеги Моби од Велес ја заврши сезоната 2024/25 со подобрен пласман во Првата Македонска Футсал Лига, искачувајќи се за две позиции во однос на минатата година и завршувајќи на шестото место. Во услови на исклучително густа конкуренција во долниот дел од табелата, ова се смета за значаен успех за младата екипа.

Сезоната беше одиграна во двокружен систем, што на Кеги им овозможи во вториот дел од шампионатот да ги дочекаат клучните директни ривали за опстанок на домашен терен. И покрај слабата прва полусезона, обележана со тежок распоред и помалку освоени бодови, клубот забележа солиден финиш на сезоната, со неколку значајни победи кои го трасираа патот кон средината на табелата.

Agria

Дополнителен предизвик за клубот беше и одлуката на Фудбалската федерација на Македонија, со која на сите домашни екипи им беа одземени бодови од првото коло поради организациски пропусти и мини-бојкот поради недоделени средства (ваучери). И покрај ова, Кеги Моби не дозволи кризата да влијае демотивирачки, туку напротив – ја искористи како мотивација за подобри изданија во втората половина од сезоната.

Од клубот велат дека остануваат приземјени и не брзаат со големи најави. „Имаме тим со иднина, млади момци со потенцијал за многу повеќе. Со малку вложување и добра насока, можеме да направиме значаен исчекор – но ќе оставиме времето да покаже“, велат од управата на клубот.

Во составот преовладува младината, со неколку играчи кои годинава го имаа својот деби настап во најсилната лига. Велес отсекогаш бил расадник на таленти за мал фудбал, а Кеги Моби е решен да го продолжи тој тренд. Претстојното лето ќе биде исполнето со учества на турнири ширум земјата, каде играчите ќе добијат вредно искуство што ќе им биде од голема корист во сезоната што следи.

Сезоната 2024/25 ќе се памети како чекор напред – не само во табеларен поглед, туку и во изградбата на иднината на футсалот во Велес.

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: