Коалиционите партнери од власта едногласни дека не се потребни предвремени избори, опозицијата бара оставка од премиерот Заев

Vlada

Собранието ја очекува премиерската оставка што по големиот изборен пораз на локалните избори, ја најави Зоран Заев. Ваков документ се уште не е пристигнат во законодавниот дом.

Zito akcija 640x289px

Вчера на покана на премиерот Заев во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот.

Agria

„Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Заеднички се констатираше дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Северна Македонија“, соопштуваат од Владата.

Додаваат дека коалиционите партнери од парламентарното мнозинство биле едногласни дека на Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза, со јасен евроатлантски курс на дејствување.

Од опозицијата велат во денешното соопштение велат дека Зоран Заев овие локални избори ги загуби убедливо и треба да си поднесе оставка.

„СДСМ и губитникот Заев не победи во ниту една голема општина, во исто време кога тврдеа дека се најдобри“, стои во писмената реакција од оваа партија.

Во градови како Скопје, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес , Гевгелија и останатите општини СДСМ и губитникот Заев, како што пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ, доживеале дебакл и затоа треба да си одат.

„Народот им испрати порака дека е незадоволен, разочаран и ја порази политиката на поделби и конфликти. Заевизмот како систем мора да падне. На овие избори имаше и брутални изборни нерегуларности, притисоци и закани од луѓето од власта, како и злоупотреба на државни ресурси, пред се полицијата за партиски цели. Мора да има одговорност за таквите нарушувања и злоупотреби“, се потенцира во писмениот допис на опозицијата.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24852/zhena-napadnala-trojcza-mazhi-vo-jabolchishte/