Откако се повлече од позицијата вицепремиер за економски прашања околу новогодишните празници, претседателот и сопственик на групацијата „Фероинвест“, проф. д-р Кочо Анѓушев имаше контакт со јавноста во 2-3 наврати досега, и тоа претежно преку активностите на неговите компании во насока на донирање медицинска опрема, или пак изградбата на монтажната инфективна болница која што беше подигната за рекордно време. Можеби не поради некој среќен повод, но пандемијата на коронавирусот којашто од средината на март практично ја затвори целата земја во карантин и доведе до замирање на голем дел од економијата, и не остави простор за комуницирање во некаков поинаков контекст. Деновиве пак, г-дин Анѓушев е актуелен и како еден од бизнисмените што искористил државна помош од пакетите антикризни мерки, во неговиот случај конкретно за субвенционирање на платите за дел од работниците во „Брако“, најбитната компанија во неговата групација. Оваа вест предизвика и реакции кај дел од медиумите и јавноста, во смисла дека не било баш морално и етички, оваа, а и други големи профитабилни компании да користат државна помош во услови кога буџетот е и онака тешко се полни поради кризата. Ова беше како еден повод само да поразговараме со Анѓушев околу оваа ситуација, но и околу многу други работи поврзани со неговите бизниси во моментов, а не пропуштивме да го прокоментираме и периодот на неговото активно занимавање со политика како потпретседател на Владата од средината на 2017 до крајот на 2019 година, задолжен за економски прашања.
Деновиве со особено внимание од јавноста беше проследена веста дека вашата компанија „Брако“ искористила државна помош од антикризниот пакет на мерки, за исплата на плата, во износ од 14.500 по вработен. Заедно и со други фирми што работеле профитабилно изминативе години, ве критикуваа дека не било етички да посегнете по државна помош. Како ги коментирате овие ставови на дел од јавноста?
Кај нас е сега предизборен период, со се’ се политизира, па и со информацијата дека „Брако“ добил 106 илјади евра државна помош. Пред се’, тоа е помош за вработените со примања под 39.900 денари, таква беше уредбата. Јас не сум ја правел уредбата, не сум повеќе вицепремиер и не сум можел да влијаам врз неа. Сметам дека како што е „Брако“ еднаков си сите други кога треба да се платат даноци, тогаш треба да е еднаков и во можноста да искористи законска можност што за компанијата има некакво позитивно влијание.
Целото интервју прочитајте го на kapital.mk