Коцевски: Цените за зонското паркирање во Велес се слични на цените во Штип, Битола, Струмица и Кавадарци

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски го разбира револтот на граѓаните во врска со најавеното воведување на зонско паркирање ов градот, но, вели дека, кога се прави голема промена која се одразува на секојдневиот живот и навиките на граѓаните, првите чекори секогаш се сложени и тешки.

Zito akcija 640x289px

„Велес заслужува да биде уреден град, без хаос на тротоарите и јавните површини, град во кој ќе има ред, ќе се зајакне безбедноста на сите учесници во сообраќајот и ќе се намали загадувањето. Во сите градови во светот и во Европа паркирањето во т.н црвена зона секогаш е најскапо. Тоа се мери со степенот на удобност и повластена ситуација.Доколку сакате да се возите со возило и да не одите пеш низ централното градско подрачје треба да платите за таа привилегија.Некои градови и држави одат и дотаму што во интерес на екологијата забрануваат движење на автомобили во црвената зона. Значи, во Велес мора да има ред и со овој значен проект ќе има ред“, рече градоначалникот Коцевски.

Agria

Во однос на реакциите за нови паркинзи, Коцевски истакна дека општината континуирано работи на обезбедување на нови паркинг места, но и граѓаните треба да ги променат навиките и да ги паркираат возилата на веќе расположивите паркинзи како што е времениот паркинг кај мостот Гемиџии. Општината работи и на проектот катна гаража, но овој вид проекти се обемни и долготрајни, затоа и општината обезбедува нови простори за времено паркирање како што е времениот паркинг на местото на поранешниот диспанзер.

„Исто така граѓаните треба да знаат дека на улицата „Благој Ѓорев“ не може да се паркираат возила, затоа што тоа е спротивно на Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Ова значи дека сегашната ситуација е директно прекршување на овој правилник“, рече Коцевски.

Во однос на цените за паркирање, Коцевски рече дека тие се утврдени после сеопфатна анализа и споредба со градовите каде веќе е организирано зонско паркирање, како што се Штип, Битола, Струмица и Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16309/semejni-i-sosedski-klasteri-na-kovid-19-se-shirat-vo-naseleni-mesta-okolu-veles/