Коцевски: Ќе бараме казнени пенали за доцнењето од фирмата која го гради горниот дел на пазарот

Почна монтажата на челичните столбови на горниот дел од новиот затворен градски пазар. По неколку месечниот застој, градежните работи на овој објект деновиве продолжија. Откако во март годинава беше означен стартот на изградбата, се очекуваше оваа фаза да заврши многу порано, Според велешкиот градоначалник Аце Коцевски, вина за тоа сноси и изведувачот и најави дека општината ќе ги примени сите мерки што стојат на располагање според договорот, за да се наплатат казнени пенали заради задоцнувањето.

Zito akcija 640x289px

„Доцнењето се должи на преместување на столбови од ЕВН, настанато оштетување од страна на изведувачот на колекторот за фекална канализација кој поминува под пазарот, поради пропустите на кој начин треба да се поврзе челичната конструкција во основниот проект, поради високите температури, а по дадени препораки од страна на Влада за забрана за работа на отворено за време на портокалова фаза, но и заради субјективни причини од страна на изведувачот, за што ќе се применат сите мерки што стојат на располагање на општината според договорот за да се наплатат казнени пенали заради задоцнувањето“, рече Коцевски.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Според него, изведувачот на градежните работити, фирмата Бауер БГ од Скопје, за еден месец треба да го изгради горниот дел на пазарот, чија вредност е околу 560 илјади евра.

Текстот продолжува под рекламата

„Најдоцна до 15 септември, горниот дел од пазарот треба да биде готов. Веднаш потоа изведувачот на градежните работи на долниот дел од пазарот ќе биде воведен во работа. Постапката за избор на изведувач на долниот дел е веќе завршена, според пропозициите на Светска банка. Договорот со изведувачот на долниот дел од пазарот, БВ Инженеринг од Битола е веќе потпишан”, истакна Коцевски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: