Коцевски: Состојбата со коронавирусот во Велес е посериозна од било кога

Тројца новозаразаразени велешани се регистрирани до 11 часот, но оваа бројка може да се зголеми во текот на денот, сооппти градоначалникот на Велес Аце Коцевски, по утринскиот состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување. Штабот состојбата со коронвирусот ја оцени како средно тешка, се уште не е алармантна, но е посериозна од било кога претходно.

Zito akcija 640x289px

“Доаѓа нов бран, мора да бидеме повнимателни. Загрижува тоа што се повеќе млади луѓе се заразуваат, но добро е што најголемиот дел се со лесна клиничка слика. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Доаѓа време на зимските слави, кога граѓните во поголем број ќе се собираат во домовите, каде што нема да има можност за проветрување, па опасноста од ширење на вирусот значително ќе се зголеми. Властите треба да размислат каква порака до граѓните ќе упатат за да се спречи ова”, рече Аце Коцевски, градоначалник на Велес.

Agria

Вирусот е присутен, веќе не се важни кластерите, бидејќи, поради непочитување на мерките од страна на граѓаните, кластерите не можат да се класифицираат, рече Коцевски, кој додаде дека состојбата со ширењето на вирусот се влошува и е загрижувачка.

“Полицијта не информираше дека при контролите, не се забележани поголеми проблеми со угостителите, но има големи проблеми со малолетниците, кои покажуваат непослушност. Затоа, потребни се превентивни активности, за да се спречи оваа појава”, рече Коцевски.

До сега во Велес 352 граѓани се заразија со вирусот, оздравеа 296, а активни случаи има 40. Од нив 33 се на домашно лекување, шест на инфективното одделение на велешката болница, а еден пациент е на инфективната клиника во Скопје. Досега починаа 16 пациент.

Во велешката болница поради ковид-19 хоспитализирани се вкупно 27 пациенти, од кои шест се велешани, 11 од Свети Николе, пет од Кавадарци, четири од Неготино и еден од Валандово. Седуммина се на кислородна поддршка, а еден е во тешка состојба, со сатурација до 75 проценти.

Градоначалникот Коцевски вели дека опасноста за ширење на вирусот е многу поголема од претходно, бидејќи не се почитуваат мерките, па поради тоа, се очекува зголемување на бројот на заразени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: