Коцевски: Велешани не ги личи некултурата и говорот на омраза кој го шират на социјалните мрежи

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски е разочаран од говорот на омраза и нискиот степен на култура кој го практикуваат граѓаните на Велес на социјалните мрежи, посебно на оние кои се насочени кон работата на општината. Според него, на социјалните профили се случува нешто, што е срам за Велес.

Zito akcija 640x289px

„Во Велес, градот кој некогаш беше пример дома, во Европа и светот за еснаф и благородна комуникација, за жал, интелектуаланата комуникација е заменета со најнизок вид навреди, погрдни зборови и едноставно, комуникација која не доликува на било кој граѓанин на Велес. Им порачувам на сите поединци кои, од било какви мотиви ја навредуваат општината, градоначалникот и Советот на општина Велес, дека со секоја навреда што ја пласирате, се навредувате самите себе си и сите граѓани, затоа што Општина Велес им припаѓа на сите. Како градоначалник, ја прифаќам секоја конструктивна критика и се трудам да одговорам на сите предлози и идеи на граѓаните, но немам намера по социјалните мрежи да полемизирам со луѓе, кои немаат основна етичка култура, која треба да ја имаат велешани, како граѓани на градот, стожер на македонската култура“, рече Коцевски.

Agria

Тој им порача на сите поединци што сеат омраза и посакуваат нечија смрт на социјалните мрежи, „со прстот на чело“ да размислат за сите велешки интелектуалци и херои кои се наши предци, вклучително за оние што граделе институции, цркви, улици.

„Искрено верувам дека, да се денес овде, со нас, не би комуницирале со ниски и, што би рекле велешани, недоветни зборови. Воедно им порачувам на сите што планираат да продолжат со навредите, дека на профилот на Општина Велес ќе се бришат сите навреди и изрази на говор на омраза“, рече градоначалникот Коцевски.

Тој апелира до граѓаните, пцовките, навредите и заканите да ги заменат со конструктивни предлози, кои би биле корисни за развојот на градот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16721/koi-se-inzhenerite-na-brako-shto-go-sozdadoa-revoluczionernoto-ekoloshko-vozilo-ispushta-voda-za-piene-a-ke-chisti-i-pred-bakingemskata-palata/