Коциќ: Борбата за поубав Велес продолжува!

Kocik naslovna
Kocik naslovna

Актуелниот пратеник на СДСМ од Велес Ненад Коциќ официјално е претставен како кандидат на владеачката партија за градоначалник на Велес на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 17 октомври. Веднаш по официјализирањето на кандидатурата, Коциќ преку социјалните мрежи се заблагодари на оние, кои му ја дале довербата.

Zito akcija 640x289px

“Чест е да се биде жител на градот на мостовите, градот на Гемиџиите, Рацин, Џинот. Привилегија е да се добие можноста да се води најубавиот Велес и околните китни села! Борбата за поубав, поразвиен, позелен Велес продолжува. Благодарам на довербата на раководството на СДСМ, благодарам на поддршката од сите“, напиша Коциќ на својата фејсбук страница, откако беше објавена неговата кандидатура.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според извори од СДСМ, крајно неизвесна била внатрепартиската битка за тоа кој да ја добие кандидатурата за прв човек на Велес. Речиси мртва трка се водела помеѓу Коциќ и поранешниот пратеник Марјанчо Николов. Дел од медиумите синоќа дури објавија дека Извршниот одбор на СДСМ решил да му ја даде довербата на Николов. Сепак, денеска дилемата ја реши генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој соопшувајќи го името на Коциќ, рече дека сите анкети и испитувања на јвното мислење во Велес, но и во партијата недвосмислено покажале дека Ненад Коциќ е најдобриот кандидат за градоначалник.

Содржината продолжува под рекламата

Ненад Коциќ влезе во политиката во 2017 година, кога како кандидат од граѓанскиот сектор беше носител листата на СДСМ за членови на Советот на Општина Велес на тогашните локални избори, а во еден период беше и претседател на Советот на општината. На ланските парламентарни избори Коциќ стана пратеник во Собранието на Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: