Кој ќе може да го одложи плаќањето на кредитот уште 6 месеци?

pari

Вториот период на одложена отплата на кредитите нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, информирсат од Банкарската асоцијација.

Zito akcija 640x289px

„Банките  ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл.“, велат од Асоцијацијата.

Agria

Граѓаните, како што наведуваат од Македонската банкарска асоцијација, детални информации ќе можат да добијат кај банките кои постапката и методологијата ќе ги објават на своите интернет-страници во најкус можен рок.

Од датумот на објавата, клиентите ќе имаат рок до 10 дена да се изјаснат дали им е неопходен втор период на одложена отплата.

Граѓаните, притоа ќе треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата: намалени приходи, изгубено работно место и/или настанати потреби за лекување во изминатиот период, по што овие барања ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука.

„Со оваа активност, граѓаните ќе бидат во можност да користат до 6 месеци продолжување на рокот на отплата на своите кредитни обврски, за сите или за дел од кредитните производи кои ги користат, во зависност од пристапот и понудата на секоја банка“, појаснуваат од Асоцијацијата.

Граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци.

Извор: Плусинфо

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: