Во рамки на предизборната кампања за претстојните локални избори, кандидатот за градоначалник на Општина Велес, Марко Колев, и носителот на советничката листа, Даниел Јаневски, продолжија со средби со грашаните во околните места на Велес.
Вчера беа посетени населените места Сојаклари, Мамутчево и Иванковци, каде беа претставени дел од реализираните проекти во изминатиот мандат, како и приоритетите за следниот период. Средбите беа дел од планираната теренска агенда, со цел непосредна комуникација со граѓаните и презентирање на програмата за наредниот развоен циклус.
„Токму затоа ни вечерва не изостана вашата поддршка за претстојните локални избори, уште еднаш покажавте дека ја препознавте посветена работата во изминатите четири години и визијата за развој понатаму. Покажавме дека кога се сака, се може, затоа бројот 9 ќе биде вистинскиот избор за твоето место и твојата иднина“, рече Колев.
Денес, кандидатот за градоначалник и неговиот тим, со почеток во 19:00 часот, ќе го одржат осмиот мини митинг Мегдан.