Колку пари од ваучери доби спортот во Велес

sala gemidzii
sala gemidzii

Агенцијата за млади и спорт ги објави спортските ваучери за клубовите и спортистите за 2021 година. Од овој фонд, велешкиот спорт ќе добие околу 220 илјади евра, од кои најголем дел ќе завршат кај клубовите.

Zito akcija 640x289px

Најмногу пари добива ФК Борец, во чија каса годинава ќе влезат 3.800.000 денари или околу 60 илјади евра. Веднаш зад него е Одбојкарскиот клуб Борец, кој добива 1.800.000 денари или околу 30 илјади евра, а милионска денарска сума добиваат уште и Ракометниот клуб Борец – 1.100.000 денари или околу 18 илјади евра и Кошаркарскиот клуб Борец Баскет – 1.000.000 денари или околу 16.200 евра.

Agria

Кај активните спортисти, најголема финансиска поддршка од државата, во висина од 130.000 денари или нешто над две илјади евра добива кајакарот Љубомир Спасиќ, а веднаш зад него се неговите колеги Александар Златаров и Ангел Петрушев со по 100.000 денари или околу 1600 евра.

Ваучери има и за велешките футсал екипи, кајакарските, карате клубовите, здружение за спортски риболов, атлетскиот клуб, пинг понг клубот и уште неколку други.

Листа на спортски клубови од Велес кои добија ваучер:

Целосните листи можете да ги погледнете на следните линкови:

Спортски клубови

Активни спортисти

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: