Фудбалските лиги на Балканскиот полуостров заостануваат зад најсилните во Европа, некои повеќе, некои помалку, ама сепак разликата од побогатите земји е евидентна. Српскиот медиум „Mozzartsport“ направи истражување за примањата на фудбалските судии на целиот Балкан, пренесува порталот gol.mk.
Содржината продолжува под рекламата
Најлошо во регионот котира Македонија, со своите исплаќања кон судиите во ПМФЛ. Главните арбитри во елитниот ранг на фудбалот во нашата земја добива 10.600 денари (околу 170 евра), додека помошниците добиваат 9.600 денари (околу 155 евра). Четвртиот судија во ПМФЛ е исплатен со 5.100 денари (околу 85 евра). Останатите земји во овој дел на Европа котираат далеку пред Македонија, а можеби една од причините за тоа е фактот дека ПМФЛ нема генерален спонзор и сите финансии доаѓаат од клубовите кои плаќаат котизација на годишно ниво, плус такса како помош од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Содржината продолжува под рекламата
Во споредба со земјите на поранешна Југославија, Грција и Романија се далеку напред. По натпревар во грчката елитна лига главниот судија добива 1.500 евра, додека кај Романците 300 помалку. По нив следи Бугарија каде што арбитрот кој го води натпреварот добива 500 евра, по што следат Србија со 460, Хрватска со 450, Унгарија со 400, Босна и Херцеговина со 330, Црна Гора со 290 евра.
Сепак, во споредба со најсилните лиги и овие примања на останатите земји од регионот се „смешни“. Најголем надоместок по натпревар судиите добиваат во Шпанија (5900) евра, во Германија се даваат (3.500) евра, додека во Италија исто така помалку (3.400) евра Последна француската Лига 1 со 2.700 евра. Покомплексно е плаќањето на арбитрите во Англија каде што за натпревар главните судии земаат само по 1.715 евра, меѓутоа како додаток на платата која во просек е 7.500 евра.
Извор на веста: gol.mk
Можеби ќе ве интересира: