Денеска Комисијата за заразни болести одржа состанок на кој беше разговарано за моменталната состојба со Ковид-19.
На состанокот не биле препорачани нови рестриктивни мерки, односно на сила да останат досегашните.
И понатаму е дозволено да се организираат свадби на затворено, а мерката за носење заштитна маска важи само за затворени простории. Нема да се бара задолжителен ПЦР тест за сите што влегуваат во земјава од земји со висок ризик каде делта варијантата е распространета.
Можеби ќе ве интересира: