Корона кризата ги уназади работничките права

tekstilni-rabotnici-stip-2

Помали работнички права, а повеќе работници на улица. Истражувањето на невладината „Гласен текстилец“ покажало дека корона кризата ги уназади работничките права и го забави одговорот на институциите. Решение според нив е да се зајакнат контролите, но и да почне функционирањето на Комисијата за заштита од дискриминација бидејќи најголем дел од вработените во текстилството и кожарството се жени.

Zito akcija 640x289px

“Ги детективарме, сите оние слабости, неправилности и прекршување на уредби при прогласена вонредна состојба, а со законска сила. Тоа значи, иако имавме државна помош, иако имаше јасно нагласени уредби, како треба да тече исплатата и кои се правата на работниците, сепак имаше исплата под минималната плата, имаше незаконски откази на договорите за работа, а претежно тоа ги погоди жените, конкретно од трите категории, повторно ќе повторам бремени, мајки на деца до 10 години и хронично болни”, вели Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Agria

Продолжува растот на бројот на претставки поднесени до Државниот инспекторат за труд. Од таму велат имаат 15 инспектори кои работат на терен, а во истиочниот регион во првите два месеци од годината се поднесени околу 60 претставки од работници.

“Намален е бројот на претставки во текот на овој месец, со исплатата на плати веќе се среди работата, регресот за годишен одмор е веќе исплатен. Така да имаме претставки, но по други основи. Имаме дел на откажување на договорите за вработување, прекувремена работа, неисплаќање за време на празник”, вели Методи Дамјански од Државниот трудов инспекторат за источниот регион.

Истражувањето на невладината ЗМАИ покажа дека поради корона кризата лани се изгубиле 6800 работни места во кожарството и текстилството.

Не се исклучува новите затворања и растот на заболени од корона вирусот во Европа да угасат дополнителни 20 % од работните места во овие две гранки. Особено затоа што компаниите работат со намален капацитет, а во претстојниот период, еснафските здруженија очекуваат пад на продажбата за 50 проценти и дополнително откажување на нарачките од традиционалните партнери.

Очекувано овие превирања најмногу ќе го погодат истокот од државата бидејќи дури 40 % од текстилните и кожарските фабрики се лоцирани во овој регион.  

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19385/grczija-ja-prodolzhi-zabranata-za-vlez-do-5-april-bez-razlika-na-nachinot-na-pristignuvane/