Ковачевски до Собранието го достави предлогот за реконструкција на Владата

vlada

Премиерот Димитар Ковачевски достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата. Нови кадровски решенија има за министри во  четири министерства, за правда, за здравство, за информатичко општтсво и администрација и заживотна средина и просторно планирање, како и за заменици министри во пет министерства.

Zito akcija 640x289px

Владината прес-служба претпладнево соопшти дека за министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е Кренар Лога, со Министерството за здравство, Фатмир Меџити, со Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, а предлогот за министер во Министерството за животна средина и просторно планирање е Каја Шукова.

Agria

Предложени се заменици министри во Министерството за одбрана и Тирон Јајага, во  Министерството за правда – Викторија Аврамовска-Мадиќ, во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша, во Министерството за здравство – Маја Манолева, а во Министерството за образование и наука – Агим Нихиу.

Реконструкцијата на Владата Ковачевски ја предлага по заокружувањето на преговорите за влез во владиното мнозинство на Алијансата за Албанците.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: