Ковачевски: Во предлогот целосно е прифатен македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка

sredba koalicioni partneri

Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека на лидерската средба на владината коалиција бил обрзложен процесот и предлогот.

Zito akcija 640x289px

-Разговаравме со детали и факти. Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас, рече Ковачевски.

Agria

На крајот премиерот Ковачевски додаде дека после оваа средба целиот предлог ќе биде објавен јавно.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/30817/od-deneska-zapochna-privremeniot-rezhim-na-soobrakaj-za-teshkite-tovarni-vozila/