Седум велешани се помеѓу новите позитивни случаи на коронавирус, откриени во последните 24 часа, соопшти пред малку Министерството за здравство. Тие се дел од 247 новооткриените заразени во целата земја, откако во последното деноноќие се направени 737 тестирања.
На одделението во Велес, во моментов се хоспитализирани 41 пацинент, од кои 32 имаат потврдени позитивни тестови, а девет се сомнителни случаи. Дури 15 пациенти се на кислородна поддршка.
На ниво на целата држава и денеска најмногу случаи се регистрирани во Скопје 116, потоа Куманово-4, Штип-12, Прилеп-23, Тетово-10, Струга-12, Велес-7, Битола-8, Охрид-14, Кавадарци-2, Гостивар-10, Струмица-6, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Кичево-6 и Ресен-2.
Во последните 24 часа починаа 15 лица, двајца пациенти од Скопје (73 и 78г), еден од Куманово (68г), тројца пациенти од Тетово (60, 70 и 77г), двајца од Струга (73 и 75г), еден од Велес (58г), еден од Охрид (69г), еден од Кавадарци (71г), еден од Гостивар (71г), еден пациент од Гевгелија (76г) и двајца пациенти од Кочани (49 и 68г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрира и 321 оздравен пациент:
Скопје-189, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-7, Кавадарци-5, Гостивар-3, Гевгелија-7, Струмица-16, Крива Паланка-6, Кочани-11, Пробиштип-2, Берово-3, Валандово-5, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-1.
Инаку за потсетување, маж на возраст од 58 години утрово почина на инфективното одделение во велешката болница како последица од ковид-19. Тој бил примен во болница пред четири дена.
Минатата недела инфективното одделение во велешката болница броеше девет починати. Црниот биланс продолжува и во новата недела.
Можеби ќе ве интересира: