Ковид 19 исчезнува, само 10 активни случаи во Велес

foto novo dron Veles
Фотографија: Трајче Цеков

Во ковид статистиката на министерство за здравство во последните 24 часа повторно нема ниту нов случај на коронавирусот, a четворица велешани се оздравени како последица од Ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 3 109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на ковид 19 во:

Agria

Од Скопје 8 пациенти, од Куманово двајца и по еден новозаразен во Битола, Тетово, Гостивар, Струга, Гевгелија и Свети Николе.

Регистрирани се 38 оздравени пациенти, а според податоците на Министерството за здравство пријавени се вкупно 7 починати лица. Двајца пациенти од Скопје (77г и 73г) и по едно лице од Битола (67г), Тетово (71г), Кичево (80г), Кавадарци (86г) и Кочани (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите петмина во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 807 837 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на заболени во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 379, бројката на оздравени пациенти е 148 910, на починати е 5 442, а бројот на активни случаи изнесува 1 027.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21277/slavcho-bojkovski-nov-nachalnik-na-svr-veles/