Ковид центарот во Штип исполнет до последен кревет

Infektivno Stip

Ковид центарот во Штип повторно исполнет до последен кревет. За една недела бројот на хоспитализирани се зголеми за трисетина проценти. Сега има 62 пациенти и дополнителни четири на одделот за интензивна нега. Половина од нив се на кислородна подршка.

Zito akcija 640x289px

Во функција од утринава повторно е кожното одделение и се активираат сите вработени. Се чека да заврши монтирањето на централниот довод на кислород во модуларната болница по што би се добиле дополнителни 47 кревети за сместување на Ковид пациенти.

Agria

Во штипскиот центар за јавно здравје дневно се земаат брсеви за тестирање за над 40 граѓани. Во просек повеќе од половината се позитивни на корона вирус. Во регионот што ги опфаќаат ковид центрите во Штип и Кочани во моментот има над 800 активни случаи.

Општинските кризни штабови веќе донесоа одлука да се зголемат контролите во превозот на работници и апелираа до граѓаните  да ги почитуваат мерките и да не ги кријат контактите.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19422/pritisokot/