Шпанскиот голман, Давид Де Хеа дефинитивно нема повеќе да го гледаме во дресот на англискиот фудбалски великан, Манчестер Јунајтед.
На Де Хеа му истече договорот минатиот месец, но беше оставен простор за продолжување на соработката, меѓутоа до тоа нема да дојде затоа што премиерлигашот е многу блиску до ангажман на Андре Онана што во случајот значи дека Шпанецот ќе мора да побара друг предизвик што и ќе го направи.
„Сакам да ја испратам оваа проштална порака до сите поддржувачи на Манчестер Јунајтед. Би сакал да ја изразам мојата непоколеблива почит и благодарност за љубовта во последните 12 години. Постигнавме многу откако мојот драг Сер Алекс Фергусон ме донесе во овој клуб. Бев неверојатно горд секогаш кога ќе го облечев овој дрес, да го водам тимот, да ја претставувам оваа институција, најголемиот клуб во светот, беше чест што им дава само на неколку среќни фудбалери.
„Ова беше незаборавен и успешен период откако дојдов овде. Не мислев дека со заминување од Мадрид како младо момче ќе го постигнеме она што го направивме заедно. Сега е вистинско време да преземам нов предизвик, повторно да се наметнам во ново опкружување. Манчестер секогаш ќе биде во моето срце, Манчестер ме обликуваше и никогаш нема да ме остави. Сето тоа го видовме“, порача Де Хеа во пораката на социјалните мрежи.
Давид во 2011 година пристигна на „Олд Трафорд“, одигра 545 натпревари со што е на седмото место на вечната листа со настапи за Јунајтед.
Тој низ овој период можеше да се израдува на пехари во ПЛ, ЛЕ, ФА Куп, ЕФЛ Куп и Комјунити Шилд.
Можеби ќе ве интересира: