Уште еден ракометар кој потекнува од РК Борец се врати во матичниот клуб. Станува збор за 24 годишното лево крило Кристијан Ристов.
Покрај настапите за Борец, бил дел од младинскиот погон на Вардар од Скопје, а минатата сезона настапуваше за Вардар од Неготино.
Од управата најавуваат уште две засилувања на искусни ракометари, кои на помладите ќе им бидат огромна поддршка во постигнувањето на целта за оваа сезона, а тоа е пласман во плеј оф разигрувањето за Супер лига.
Инаку ракометарите на Борец се во тренажен процес, а во текот на неделава ќе го одиграат првиот тест за оваа сезона против екипата на Врање, кој ќе биде од затворен тип, поради ковид протоколите.
Можеби ќе ве интересира: