Велешкиот кајакар Кристијан Смилев се пласираше на осмото место во финалето на трката К1 на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, откако ја помина патеката на Матка со време од 1:45:95.
Шеснаесетгодишниот Смилев утрово имаше одличен настап во квалификациите, каде што го освои третото место и остави силен впечаток дека може да се избори за медал. Заостануваше само 2,67 секунди зад Словакот Марек Кулички, кој подоцна го освои златото, и 2,24 секунди зад второпласираниот Украинец Аркуп Крачко.
Меѓутоа, во финалната трка, Смилев направи неколку грешки кои го чинеа подиум. Во конкуренција од 12 финалисти, заврши осми, со заостанување од 12 секунди зад победникот Кулички.
Сребрениот медал го освои Австриецот Макс Стаинбренер со заостанување од 1,61 секунда, додека бронзата замина кај Германецот Јохан Шмит, кој заврши 2,26 секунди зад првопласираниот.
Иако без медал, Смилев покажа дека македонскиот кајак има сериозна иднина и останува еден од најперспективните млади спортисти во земјава.