Кризата на Борец продолжува, Каменица Саса славеше во Велес

Ништо ново од фудбалерите на Борец. И по 12 одиграни кола велешани немаат освоено бод во првенството и се заковани на дното на табелата. Денес на стадионот „Зорана Паунов“ во Велес тимот од Македонска Каменица го победи Борец со 0:3

Zito akcija 640x289px

Велешани на овој натпревар тргнаа офанзивно, но никако не можеа да направат некоја посериозна шанса за гол. Гостите поведоа во 40 минута преку Ступиќ по добро изведениот корнер. Во вториот дел велешани имаа неколку шанси кои не ги искористија. Казната стигна во 58 минута кога Игор Ѓоргиев помина неколку домашни фудбалери и биеше неодбранливо во мрежата на Борец за 0:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Најдобриот играч на мечот Игор Ѓоргиев во 82 минута, украде топка од дефанзивците на Борец и нафрли во шеснаесетникот на домашните, каде најдобро се снајде Тони Мичковски и го постигна третиот гол за гостите за 0:3.

Борец останува на последната позиција на табелата, без ниту еден освоен бод и негативна гол разлика од минус 37 гола. Во следното 13 коло велешани гостуваат кај екипата на Беса.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: