Крстевски: Нема да ги потцениме Карадаку, но ќе покажеме дека сме подобра екипа

ФОТО: РАДИЦА ДУКОВА

Екипата на Кеги Моби во рамки од шестото коло од Првата македонска футсал лига денес ќе го пречекаат „фенерџијата” на табелата, составот на Карадку. Овој натпревар според договорот ќе се одигра во Штип со почеток од 16 часот.

Zito akcija 640x289px

Еден од новите играчи во составот на Кеги Моби, Филип Крстевски смета дека во натпреварот против Карадаку ќе треба да бидат внимателни и да одиграат на висина на задачата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Денешниот натпревар ќе биде во комбиниран состав поради причината што играме со моментално последниот на табелата, не може да кажам дека го потценуваме противникот но и неколку играчи со минимални повреди одлучивме да ги одмориме за да не дојде до посериозна повреда кај било кого. Минатото коло поминавме добро со поволен резултат кај КМФ Црна Река се надеваме дека и денеска ќе биде така на овој натпревар кој го играме на домашен терен во Штип. Со поволен резултат денес ќе се задржиме во горниот дел од табелата и ќе останеме да им дишиме во врат на првите две екипи. Следно коло играме во Скопје против КМФ Јувентус каде ќе имаме цела недела на тренинг анализа и спремност за тој натпревар. Драго ми е што сум добро прифатен од страна на тренерот управата и сите мои соиграчи во тимот каде атмосферата е секогаш одлична“, изјави Филип Крстевски фудбалер на Кеги Моби.

Натпреварот Кеги Моби – Карадаку можете да го следите во живо на фан страната на Батали.нет, и фан страната на Кеги Моби, како и на јутуб каналот на Батали.нет. Покрај натпреварот во Штип, во ова коло ќе се сретнат и Железарец – КМФ Проект, Шкупи – Јувентус Серава, Енхалон – Црна Река и Арбен Бајрами – Форца 2015.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33816/ohrid-go-demolira-borecz-basket/