Лазар Стојанов се врати во РК Борец

Laze Stojanov RK Borec

Левиот бек Лазар Стојанов по една одиграна сезона во тимот на суперлигашот Тиквеш од Кавадарци се враќа во РК Борец. Тој е е четвртото засилување за велешкиот ракометен клуб Борец.

Zito akcija 640x289px

Инаку Стојанов со само 16 години во сезоната2018/19 беше втор најдобар стрелец во плеј аут на машката Супер ракометна лига, кога Борец се натпреваруваше во најелитното друштво.

Agria

Со доаѓањето на Стојанов велешани формираат убиствена бековска линија која ќе ги полни мрежите на противниците. Претходно беа обезбедени потписите на средниот бек Борис Ристовски и левиот бек Димче Минов, а исто така ја зголемија и конкуренцијата на голот со доаѓањето на Никола Манев.

Од клубот најавуваат уште неколку засилувања, кои ќе бидат презентирани во наредниот период, со цел создавање конкурентен тим кој ќе се бори за висок пласман во прволигашката конкуренција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: