Затворскиот лекар и стоматолог во штипскиот затвор се позитивни на корона вирус. И двајцата имале контакт со осуденикот што пред една недела беше утврдено дека има Ковид 19. Стоматологот му вадел заб на осуденикот еден ден пред тој да развие симптоми.
Претпоставка е дека лекарот се заразил по секојдневните контакти со него. Негативен е единствено медицинскиот техничар кој сега заедно со лекарски тимови од Итнната медицинска помош се грижи за здравјето на осудениците што од пред една недела се во изолација.
Дополнително во карантин се ставени уште двајца осуденици кои имале контакт со затворскиот стоматолог. На работа не се и двајца вработени од затворската полиција, за нив е закажано тестирање преку матичните лекари бидејќи имале контакт со заболено лице, но контакот не му е познат на Тодоров.
Можеби ќе ве интересира: