30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Лекот „Клексан“ ќе се подигнува со рецепт во аптека

Apteka lekovi

Фондот за здравствено осигурување планира да направи измени во правилниците во однос на позитивната листа, со кои, меѓу другите, антикоагулантот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките наместо да се прави рефундација.

Zito akcija 640x289px

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, рече дека на позитивната листа треба да бидат вклучени лекови што ќе бидат понудени по пониска цена и затоа даваат субвенција.

Agria

„Во прв план ни е префрлување на антикоагулантите бидејќи тие се веќе на болничката листа, на пример, ‘клексанот’. Да не се рефундира ‘клексанот’, туку да може да се подигне на рецепт. Се надевам дека што побргу, веднаш штом комисијата почне да функционира и се направат овие измени во правилниците, ќе го имаме првото зголемување со антикоагуланти“, изјави Клековски.

Додаде дека што се однесува до „ксарелтото“, кое е антикоагулант во таблетарна форма, и покрај нивната волја, производителите немаат желба да го вклучат тој лек на позитивната листа. Фондот се обидува да се договори со еден од производителите да биде вклучен лекот по пониски цени бидејќи кај повозрасната популација со кардиолошки проблеми е релативно често употребуван.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: