Левица со 425 приговори до ДИК

Dimitar-Apasiev-007

Левица до Државната изборна комисија денеска поднела 425 приговори и како што соопштуваат од партијата ќе следуваат уште се до затворањето на рокот кој истекува денеска во 19.30 часот.

Zito akcija 640x289px

Од партијата која првпат обезбеди место во парламентот – со двајца пратеници најавуваат уште приговори во текот на денот – до истек на рокот за приговарање по овој основ – вечерва во 19.30 часот.

Agria

Според Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вели дека, покрај двата потврдени мандати, на партијата и следуваат уште три пратенички места.

Од Левица обвинуваат за бројни нерегуларности во процесот на броење и сумирање на резултатите од гласањето, како и по добиените информации за направени манипулации и фалсификати. Нивните приговори се однесуваат на голем дел од избирачките места во повеќе изборни единици во кои набљудувачи на партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите, какошто се соопштува, дале информации за манипулации спроведени од страна на лица на ДИК.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8703/techat-rokovite-za-prigovori-od-izborite/