Лицата со попреченост бараат државата да им помогне во ковид-кризата

Велешанката Стефанка Ќулумова е мајка на лице со попреченост. Нејзината ќерка е веќе 10 години во брак и исто толку време со сопругот живеат под кирија. Пред една година дознале дека во Велес има 10 станови за оваа категорија граѓани. Поднеле документи оти им рекле дека ги исполнуваат условите за да добијат свое живеалиште. Но, деновиве им кажале дека становите веќе биле издадени. Ќулумова е револтирана, оти се сомнева дека становите се доделени на лица кои не ги исполнуваат условите за тоа.

Zito akcija 640x289px

„Еден ден и ние ќе заминеме од овој свет, нема да сме вечно живи. На кого ќе го оставам тоа дете, кога најважното прашање не му е решено – станбеното? И кажале дека ги исполнува условите за да добие стан, сега и кажуваат дека становите се доделени. На кој начин се доделени“, прашува Стефанка Ќулумова, родител на лице со попречености.

Agria
No description available.

Лицата со попречености, кои сочинуваат 10 проценти од вкупната популација во земјава, се оставени на маргините во ковид кризата, реагираат Здруженијата кои работат на оваа проблематика. Во ниту еден владин пакет мерки тие не беа вклучени за помош. Здружението на лица со церебрална парализа од Велес достави петицијата доставена до пратениците, која ја поддржаа уште три скопски здруженија. Во неа бараат во следниот пакет мерки Владата да предвиди по два ваучери од по 6000 денари за набавка на лекови, здрава храна и хигиенски материјали и за рехабилитација, рекреација и одмор за лицата со попреченост.

„Лицата со попреченост без присуство на коронавирус живеат во еден поинаков свет, кој секојдневно им носи карантин, потреба од витамини, специјализирана храна, потреба од рехабилитација и рекреација. Во услови кога цел свет живее во стегите на пандемијата, децата и лицата со попреченост тоа го чувствуваат двојно. Затоа бараме од велешките пратеници и од власта и од опозицијата да се заложат, следниот пакет мерки да се надополни со помош и поддршка за сите деца и лица со попреченост во земјава. Да се додели еден ваучер од 6000 денари за набавка на лекови, витамини, здрава храна и хигиенски материјали и уште еден за рехабилитација, рекреација и одмор“, рече Далиборка Златева, претседател на Здружение на лица со церебрална парализа од Велес.

Четирите здруженија бараат системско решавање на статусот на лицата со попреченост, преку промени во законската регулатива за здравствена, социјална и пензиска заштита. Тие велат дека општествено одговорните држави во светот на оваа категорија граѓани им овозможува посебен третман и заштита во периодот на пандемијата. Само на тој начин ќе се избегнат проблемите слични на оној, со кој се соочило семејството Ќулумови.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: