Христијан Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за зголемувањето на минималната плата

Mickovski-pres-6

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека ВМРО-ДПМНЕ во парламентот едногласно ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата.

Zito akcija 640x289px

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.“ – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: