Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е позитивен на ковид-19. Tој на својот Фејсбук профил објави дека иако ги почитувал препораките, сепак се заразил со вирусот.
„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!“, напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Минатото лето, и двајцата родители на Мицкоски прележаа ковид-19, а се лекувале во приватна болница во Скопје.
Можеби ќе ве интересира: