Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ: Имаме ново парламентарно мнозинство

Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот профил на фејсбук.

Zito akcija 640x289px

Тој објави фотографија на која може да се види дека е заедно со Димитар Апасиев од Левица и со Аријанит Хоџа од Беса. На средбата биле присутни и Арбен Таравари од Алијанса на Албанците и Африм Гаши од Алтернатива.

Agria

Потврда за формирање на ново мнозинство во парламентот, пред еден час соопшти и лидерот на „Левица“ преку Фејсбук.

-Со еден политички потег, ги кутнавме оние кои ни ги избркаа родителите од фабриките и кои Македонија ја претворија во башибозук, напишал Апасиев.

По таа објава тој го споделил и партиското соопштение за истиот повод кое ви го пренесуваме во целост:

Претходно и актуелниот градоначелник на Гостивар од редовите на Алијанса на Албанците   вечерва по средбата во собрание за за тв Клан изјави дека е обезбедено  ново мнозинство од 61 пратеник.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24937/dvajcza-veleshani-pochinaa-kako-posledicza-od-koronavirusot/