
ВМРО-ДПМНЕ информира дека нивниот лидер Христијан Мицкоски е позитивен на ковид-19. Тој направил брз тест откако почувствувал симптоми на оваа болест и тестот ги потврдил сомнежите, но сепак ќе направи и ПЦР тест.
Претседателот на најголемата опозициска партија во изминатиов период имаше зголемени активности поради дополнителните избори за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за членови на Советот на Општина Тетово, кои треба да се одржат на 20 август.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е вакциниран и ја има прележано болеста, а беше и на лекување на Инфективната клиника.
Можеби ќе ве интересира: