Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје

zgrada na vlada na rsm

Во Скопје денеска се одржува лидерскиот самит ЕУ – Западен Балкан, посветен на спроведувањето на Планот за раст, кој има за цел побрза економска интеграција на регионот во Европската Унија. Домаќин на самитот е премиерот Христијан Мицкоски, а учествуваат еврокомесарката за проширување Марта Кос, лидерите на земјите од регионот, министри и високи претставници од ЕУ и меѓународни институции.

На самитот ќе се одржат два панела. Првиот со фокус на Планот за раст и обраќања на Мицкоски и Кос, по што ќе следи заедничка прес-конференција. Вториот панел ќе биде посветен на конкретната поддршка и механизми за спроведување на планот.

Agria

Кос во своите средби со македонските функционери ја истакна поддршката на Европската комисија за реформските напори на Владата и ги охрабри институциите да ја задржат динамиката на напредок. Поради самитот, во Скопје денеска е воведен посебен сообраќаен режим.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: