Светски познатиот ланец на супермаркети „Лидл“ ја разгледува можноста за отворање маркет во Велес. Регионални претставници на оваа германска компанија денеска се сретнаа со градоначалникот на Велес Аце Коцевски и разговараа за можностите кои градот ги нуди.
„Денес се сретнав со г-дин Рубријан Хаџиев, раководител и г-дин Георги Асенов, одговорен за проширување на продажбата мрежа на компанијата „Лидл“ во земјата. Разговаравме за интересот и за можностите за отворање продавница во Велес на „Лидл“, позната германска трговска компанија и една од најголемите компании за малопродажба во светот“, напиша Коцевски на Фејсбук.
Пред четири месеци германскиот трговски синџир „Лидл“ ја регистрираше својата компанија во Македонија, а ќе биде управувана од бугарската филијала.
Сопственик е германската матична компанија ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм, но субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев. Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10 000 квадратни метри.
Можеби ќе ве интересира: