Локалната библиотека реализираше литературни работилници од проектот “Од книгата научив”

Локалната библиотека „Гоце Делчев“-Велес како прва активност на проектот „Од книгата научив“ на 27.9 и 30.9. 2021г. реализираше литературни работилници во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ на тема „Раскази од велешки писатели“ со ученици од основните училишта од градот.

Zito akcija 640x289px

На работилниците, учениците презентираа различни раскази од членовите на Клубот кои пишуваа за деца: Лили Арсова, Соња Гаврилова и Наташа Б. Богоевска. Потоа учениците со своите ментори: Елена Гуновска, Анита Мирчевска, Гордана Мирчевска, Менка Андреева, Костадинка Атанасова и Наташа Б. Богоевска, група по група ги разгледаа насловите од Детскиот оддел што ги нуди Библиотеката, а не се лектирни изданија. Библиотекарите во Одделот за возрасни им објаснија како функционира зајмувањето книги.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Учениците можеа да ги разгледаат насловите што ги набави Библиотеката преку проектот „Збогатување на книжниот фонд“ финансиран од Министерството за култура преку Програмата за финансирање проекти од национален интерс во културата од областа на библиотечната дејност.

Содржината продолжува под рекламата

Преку активностите на учениците се реализираа следниве цели: афирмација на делата на велешките автори кои пишуваат за деца; поттикнување на љубопитноста за читање на дискутираните дела; стекнување навика за читање книги и посета на Библиотеката; стекнување самодоверба за искажување свое мислење и почитување на туѓото.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/24056/odbojkarite-na-borecz-so-sedum-mladinski-reprezentativczi-vo-novata-sezona/