Во Хрватска денеска се одржуваат локални избори, а право на глас имаат 3,66 милиони гласачи. Граѓаните ќе изберат 425 општински и 127 градски совети, 20 жупаниски собранија и Градското собрание на Загреб, општински началници, градоначалници и жупани и 70 нивни заменици од националните малцинства и десетина од хрватскиот народ во општините каде Хрватите се малцинство.
Најголемата битка се води за Градот Загреб, каде градоначалникот Милан Бандиќ беше градоначалник во шест последователни мандати.
Право на глас во избирачкиот список за локалните избори имаат 3.660.165 гласачи кои ќе гласаат на 6.572 избирачки места.
Челници на извршната власт се избираат со мнозинство гласови, а за да бидат избрани денеска, тие мора да добијат повеќе од 50 проценти од граѓаните кои го дале својот глас, а доколку освојат помалку од половина, ќе имаат нова шанса на 30 мај, кога во вториот круг се бира меѓу двајца кандидати со најголем број гласови.
Со оглед на епидемиолошките мерки, сите хрватски граѓани со право на глас можат да влезат во Хрватска без оглед од која држава доаѓаат, без потреба да дадат некаква потврда, но имаат право да останат во Хрватска до 12 часот.
Moжеби ќе ве интересира: