25-годишна велешанка утрово е донесена во критична состојба во велешката болница. Девојката имала прострелна рана од оружје во стомакот, но имала и видливи повреди на лицето, кои личеле на повреди од тепање. Извори од болницата за Батали.нет велат дека девојката била донесена во свесна состојба, но молчела на прашањата што и се случило. Официјално, од Општата болница Велес потврдија дека девојка на 25 годишна возраст утрово била донесена кај нив.
Содржината продолжува под рекламата
„Во 8:30 часот е примена 25-годишна девојка со прострелна рана во долниот дел на стомакот, по што е препратена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје“, рече др. Елена Ќулумова, портпарол на велешката болница.
Содржината продолжува под рекламата
Од велешката полиција потврдија дека добиле пријава од Итната медицинска помош за девојка со прострелна рана.
“Денеска во 07.47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25 – годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, рече Ристе Самарџиев – портпарол на СВР Велес.
Батали.нет од свои извори дознава полицијата трага по осомничениот партнер на девојката.
Можеби ќе ве интересира: