Вчера во СВР Велес било пријавено од страна на Д.А. дека со неговиот син кој пред неколку дена се вратил од лекување во странство не може да оствари контакт.
„На 18.07.2022 во Полициската станица Велес, Д.А. од Велес пријавил дека неколку дена не може да оствари контакт со неговиот син Д.А.(36) од Велес, кој пред неколку дена се вратил од лекување од странство. Според пријавеното, тој најверојатно е со женско лице од Велес со кое претходно бил во љубовна врска, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Содржината продолжива под рекламата
Од велешката полиција изјавија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Можеби ќе ве интересира: