Жителка на село Горно Јаболчиште на 55-годишна возраст почина на инфективното одделение во велешката болница, како последица од ковид-19. Денеска се испишани двајца пациенти како оздравени, со еден негативен тест.
Во велешкиот ковид центар (инфективно, интерно и модуларна болница) се наоѓаат вкупно 68 пациенти, од кои 38 добиваат кислородна поддршка. 46 од нив имаат позитивни ковид тестови, седум се се сомнителни на вирусот , додека 15 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се сместени 43 пациенти, на интерното одделение се сместени осум пациенти, додека во модуларната ковид болница, се хоспитализирани по 17 пациенти.
Можеби ќе ве интересира: