Адвокатот на семејството на малата Магделена: Брзината од 68 километри на час која е утврдена со вешт наод и мислење за нас е дискутабилна

soobrakajka kaj Vasil Glavinov zaginato dete
soobrakajka kaj Vasil Glavinov zaginato dete

Адвокатот на семејството на 11-годишното девојче од Велес кое беше прегазено кај училиштето Васил Главинов на 18 декември во Велес, Јанаки Митровски, годна бара одговорност и од совозачите, кои биле заедно со возачот кој избега од местото на несреќата. Адвокатот се сомнева и во вештиот наод кој покажал дека малата Магдалена е прегазена со брзина од 68 км/час, а со оглед родителите кои биле сведоци на прегазувањето со смртен исход тврдат дека „мерцедесот“ возел со брзина од над 100 км/час.

Zito akcija 640x289px
soobrakajka kaj Vasil Glavinov zaginato dete

„Воедно брзината од 68 километри на час која е утврдена со вешт наод и мислење за нас е дискутабилна бидејки родителите се сведоци дека сторителот возел со брзина од над 100 km/h во зона во која е дозволено 30km/h. Како предметот е сеуште во фаза во која може да трпи измени и проширување, апелираме и очекуваме ОЈО Велес да постапи во правец на обвинување и на совозачите (кои не даваа информација за тоа кој е сторител) и за селаните кои со денови го криеле сторителот“, посочува Митровски.

Agria

Несреќата во која Магдалена го изгуби животот се случи на 18 декември минатата година. Девојчето беше прегазено на пешачки премин, пред очите на родителите. Возачот не застана да укаже помош туку избега. Полицијата трагаше по него и го пронајде два дена подоцна.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: