Агриа ја доби наградата за „Македонски квалитет“ за 2023

Agria dobitnik za kvalitet 1

Компанијата „Агриа – Агроиндустриска Групација Велес” ја доби наградата за „Македонски квалитет“ за 2023 година, која им беше доделена на церемонијата организирана од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Свечениот настан се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“, а признанијата ги доделија претседателот г-дин Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори г-дин Трајан Ангелоски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во согласност со воспоставените критериуми, добитници на годинешните признанија за “Македонски квалитет 2023” се компаниите: “Виталиа Никола и др”, “Винарија Милев”, “Бучен Козјак ДОО”, “Рикомак”, “Сигма СБ”, “Еуро Консалт Плус”, “Кав Комерц”, “Агриа – Агроиндустриска Групација Велес”, “Центар за очи – Визиа” и “Билкилајф- центар за хербализам,туризам и одржлив развој”.

,,Овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку креираа своја специфична препознатливост во својот сектор и допридонесоа и за повисок економски раст и промоција на нашата економија со нивната препознатливост да креираат квалитетни производи и услуги. Малите и средни претпријатија играат единствена, активна и круцијална улога во економскиот развој, иновациските процеси, технолошките достигнувања и подобрувањето на целокупниот амбиент како и целокупното ниво на нашата економија. Тие на најдобар можен начин ја претставуваат енергијата на претприемачкиот дух и во суштина го стимулираат економскиот развој,,истакна Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: