Ангел Анѓушев на МЕФ 2022: За успешна енергетска транзиција неопходни се ефективни и исплатливи начини на складирање на енергијата од обновливите извори

Angel Angusev

Кога зборуваме за енергетската транзиција многу е важно да се има предвид дека тоа не значи само да се произведува енергија од обновливи извори туку и истата да се испорача до крајните потрошувачи на начин кој е економски исплатлив и ефикасен за крајните потрошувачи, истакна Ангел Анѓушев, технички директор на „Грин Машинс“ кој зеде учество на петтото издание на Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2022 и имаше свое обраќање на панелот „Сајбер безбедност и технолошки иновации за енергетска отпорност“.

Zito akcija 640x289px

„Потешкотијата тука е снабдување со електрична енергија на предвидлив начин бидејќи производството од обновлива енергија во некои денови е повисоко од нормата, од предвиденото, а во некои денови не се исполнува таа квота и тоа влијае на цените на електрична енергија. Затоа, со цел да се балансира понудата и побарувачката од обновливи извори на енергија мора ефективно да најдеме начин да ја складираме енергијата кога не е потребна и повторно да се врати во мрежата кога е потребна. За тоа постојат многу начини. Еден од
начините е да се произведуваат мега батерии како што ги произведува Тесла, на различни локации каде што се складира обновливата енергија и потоа цели градови и села може да се снабдуваат со таа енергија кога производството е под квотата и може со тие мега батерии да се снабдуваат овие градови и села. Тие функционираат на некои локации, но може да бидат прескапи за други локации“, истакна Анѓушев.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во своето обраќање тој појасни дека сепак на батериите за складирање на енергија не може да се гледа како долгорочно решение бидејќи нивното производство е прескапо. Како алтернатива и долгорочно решение, Анѓушев го посочува водородот кој што токму во „Грин Машинс“ се користи како погонско гориво за едно од возилата од палетата на машини за одржување хигиена.

„Кога од електраните на обновливи извори, преостанатата енергија која не би била употребена, би се искористиле за производство на водород како енергенс со примена за различни електрични потреби, на пример за возила. Производство на возила на водороден погон, во штo Грин Машинс се први во светот претставува сериозен придонес во енергетската транзиција“, истакна Анѓушев.

Колку оваа технологија е применлива во нашата земја Анѓушев истакнува дека постои потенцијал кај македонските компании да се насочат кон имплементација на академските истражувања во однос на искористување на водородот како енергенс.

„Мислам дека македонските компании се повеќе од способни за имплементирање на истражувањата кои се направени во академските истражувања во производи кои имаат високо ниво на софистицираност и кои може да дадат сериозен придонес во енергетската транзиција“, истакна Анѓушев на МЕФ 2022 кој што годинава се одржуваше во Охрид.

Форумот е во организација на ЗИП Институтот, Владата на Република Северна Македонија под покровителство на вицепремиерот задолжен за економски прашања, Амбасадата на САД во Скопје и Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: