Ангелче Николов призна вина за смртта на малата Магдалена

angelce Nikolov sto ja pregazi malata Magdalena

Признавам вина и му се извинувам и на семејството и на јавноста. Ова се зборовите пред велешкиот суд на 30 годишниот Ангелче Николов, кој на 17 декември лани, возејќи пијан, на пешачки премин ја усмрти 11 годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка.

Zito akcija 640x289px

На денешното прво рочиште, Николов кажа дека е свесен за последиците од признанието, дека ќе добие затворска казна и дека ќе треба да плати отштета и трошоци.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Со признанието на вина, денеска во судот не се сослушување сведоци. Обвинителката Славица Темелковски во воведниот и во завршниот збор побара од судот при изрекувањето на пресудата да го има предвид тоа што Николов претходно два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба и тоа што два дена се криеше од органите за прогон.

Обвинителката Темелковски рече дека во моментот на несреќата, во автомобилот на Николов имало и други луѓе, но тие не се предмет на обвинение, оти немало докази дека тие имале било каква врска со кривичното дело.

Адвокатот на оштететеното семејство Јанаки Митровски побара од обвинителство дс истражи кој го криел Николов два дена. Тој не де согласи со квалификацијата на повредата на мајката на малата Магдалена и смета дека таа се здобила со тешка телесна повреда.

Бранителот на Николов, адвокатот Андреја Весов побара од судот да ги смета како олеснителни околности тоа што тој го призна делото и дека сам се пријавил во полиција.

Судијката Габриела Гајдова пресудата ќе ја донесе на 17 март, во 12 часот.

soobrakajka kaj Vasil Glavinov zaginato dete

Несреќата се случи на 17 декември, кога Николов, возејќи со голема брзина и пијан, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на велешкото училиште „Васил Главинов“, на која е ограничено движењето на 30 километри на час, на пешачки премин удри во мајката и ќерката, а нивниот татко и сопруг за влакно го избегнал ударот. Малата Магдалена од местото на ударот била отфрлена дваесеттина метри и веднаш починала. Нејзината мајка, која на пешачкиот премин била еден чекор понапред, тешко беше повредена.

По несреќата, Николов избега и два дена се криеше, по што сам се предаде во полиција. Истражните органи го идентификуваа уште вечерта, откако на местото на несреќата беше пронајдена регистсрската табличка на неговиот мерцедес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: