36 годишен скопјанец се здобил со тешки повреди откако излетал со своето возило на автопатот А1 во правец Велес – Градско.
Содржината продолжува под рекламата
„На 23.03.2023 околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1 во правец Велес-Градско, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(36) од Скопје излетало од патот“, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Д., констатирани во Општата болница Велес. По овластување на јавен обвинител увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: